June 10, 2025 | | Свет
Игор Тудор ќе продолжи да седи на клупата на Јувентус и во следната сезона, потврди генералниот менаџер на клубот, Демиен Комоли. Хрватскиот стратег, кој пристигна во Торино на крајот од март, успеа да го исполни клучниот услов во договорот – пласман во Лигата на шампионите, со што автоматски се активираше клаузулата за продолжување на соработката. Одлуката доаѓа по шпекулациите околу неговата иднина, особено откако се појавија гласини за можно враќање на Антонио Конте. Но, по одлуката на Конте да остане во Наполи, раководството на Јувентус реши да му ја довери иднината на тимот токму на Тудор. Хрватот не само што ќе го води тимот во новата сезона, туку ќе биде и на чело на „Старата дама“ на претстојното Светско клупско првенство. Таму Јувентус ќе се соочи со елитни ривали како Манчестер Сити, Ал Аин и Видад Казабланка – предизвик кој може дополнително да го зацврсти неговиот статус во Торино.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |