Вучиќ се налутил бидејќи фудбалерите отпатуваа на ЕП со хрватски авион

June 26, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Вучиќ се налутил бидејќи фудбалерите отпатуваа на ЕП со хрватски авион

Поранешната српска премиерка и актуелна претседателка на српскиот парламент Ана Брнабиќ откри дека претседателот Александар Вучиќ бил очаен бидејќи српската фудбалска репрезентација отпатувала на Европското првенство во Германија со хрватски авион. „Тоа е вистинска приказна. Штета е, Вучиќ беше крајно лут. Ние имаме своја „Ер Србија“ и сите патуваме со таа компанија. Кога ќе слета авионот, можете да ја видите „Ер Србија“ и тоа е наша гордост”, рекла Брнабиќ за време на гостување на Хепи ТВ. Таа додаде дека на оваа тема не се разговарало претходните денови за да не се префрли фокусот на јавноста од поддршката за репрезентативците. Српската репрезентација вчера ремизираше со Данците и со тоа го заврши натпреварувањето на последното место во групата со само два освоени бода.  

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.