June 11, 2025 | | Свет
Барселона работи на неочекуван трансфер – 36-годишниот Иван Перишиќ би можел да пристигне на „Камп Ноу“! Тренерот Ханси Флик инсистира на негов ангажман, бидејќи го цени неговото искуство и способноста да игра на неколку позиции. Според шпанските и германските медиуми, преговорите се во тек, а Перишиќ сака повторно да соработува со Флик, со кого во Баерн ја освои Лигата на шампиони и уште две титули во 2020 година. Иако Луис Диаз е прва опција за засилување, доаѓањето на Перишиќ не ја исклучува неговата зделка. Перишиќ би дојде како слободен играч, а неговата плата нема да го оптовари буџетот на клубот. Флик сака да има искусен играч во тимот кој може да помогне и на теренот и во соблекувалната.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |