Претстедателот на Спортинг: Ѓокереш може да замине и за помалку од 100 милиони евра!

June 11, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Претстедателот на Спортинг: Ѓокереш може да замине и за помалку од 100 милиони евра!

Претседателот на Спортинг Лисабон, Федерико Варандаш, јасно ги отфрли шпекулациите дека шведскиот напаѓач Виктор Ѓокереш може да си замине за 60 милиони евра плус бонуси. „Таков договор не постои, и не сум дал никакво ветување“, изјави Варандаш на прес-конференција, додавајќи дека клубот досега не примил ниту една официјална понуда за голгетерот. Иако медиумите го поврзуваат Ѓокереш со Манчестер Јунајтед и Арсенал, Спортинг го држи под договор со откупна клаузула од 100 милиони евра. Сепак, Варандаш откри дека на барање на агентот, клубот нема да инсистира на целиот износ од клаузулата. Швеѓанецот блескаше во последните две сезони со 97 гола на 102 натпревари, што го прави еден од најбараните напаѓачи во Европа.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.