Родригез зборуваше против Аргентина, па Меси му се „пушти“ (ВИДЕО)

June 11, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Родригез зборуваше против Аргентина, па Меси му се „пушти“ (ВИДЕО)

Аргентина и Колумбија одиграа 1-1 во квалификациски натпревар за Светското првенство, но покрај резултатот, големо внимание привлече моментот меѓу Лионел Меси и Хамес Родригез. Пред натпреварот, Родригез изјави дека Колумбија не ја освоила Копа Америка поради „надворешни фактори“, обвинувајќи дека судиите ѝ помогнале на Аргентина во финалето. Меси очигледно не беше задоволен од таа изјава. На натпреварот, тој одби да се поздрави со Родригез и наводно му упатил директна порака. „Ти рече дека ни помогнаа во финалето на Копа Америка… премногу зборуваш“, наводно му кажал Меси според извори блиски до теренот. Натпреварот заврши без победник, но тензијата меѓу двете ѕвезди беше еден од главните моменти на вечерта.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.