Истанбул гори: Сане пристигна за да потпише за Галатасарај! (ВИДЕО)

June 12, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Истанбул гори: Сане пристигна за да потпише за Галатасарај! (ВИДЕО)

Лерој Сане ноќеска пристигна во Истанбул како вистинска суперѕвезда. По завршувањето на договорот со Баерн Минхен, тој одлучи да ја прифати понудата на турскиот гигант Галатасарај – трансфер што ја распали фантазијата на цела една нација. Овој потег не е само спортска вест, туку вистински спектакл: повеќе од 1.100.000 луѓе во живо го следеа летот на Сане преку YouTube – бројка што зборува повеќе од илјада зборови за лудилото што владее меѓу фановите на „Џим Бом“. Со него, Галата добива не само квалитет и брзина на теренот, туку и светски реноме и медиумска привлечност. Турскиот клуб покажува дека нема намера да биде само присутен во Европа – туку амбициозно сака да доминира.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.