Модриќ ќе потпише за Милан по Светското клупско првенство со Реал Мадрид!

June 12, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Модриќ ќе потпише за Милан по Светското клупско првенство со Реал Мадрид!

Лука Модриќ е подготвен за својата последна симфонија во дресот на Реал Мадрид. Искусниот хрватски маестро ќе ги одигра последните натпревари за „кралевите“ на Светското клупско првенство, пред да го отвори новото поглавје во својата славна кариера во Милан. Според најновите информации, 38-годишниот плејмејкер целосно ќе се посвети на Реал додека трае турнирот, но веќе е постигнат договор за преселба на „Сан Сиро“. По завршувањето на обврските во Реал, Модриќ ќе ги мине медицинските тестови и ќе потпише договор на една година со „росонерите“, со можност за продолжување на уште една сезона. Милан добива искуство, класа и лидерство, а фудбалската публика – уште една година од магијата на Лука.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.