Де Брујне пристигна во Италија за да го потпише договорот со Наполи! (ФОТО)

June 12, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Де Брујне пристигна во Италија за да го потпише договорот со Наполи! (ФОТО)

Кевин Де Брујне, белгискиот маестро од средниот ред слета во Рим за да ги заврши медицинските тестови пред својот сензационален трансфер во Наполи. Игнорирајќи богати понуди од Саудиска Арабија и САД, Де Брујне ја избра фудбалската елита и се реши за нов предизвик во Серија А. По медицинските проверки во главниот град, тој ќе го потпише договорот и ќе одлета кон Неапол – каде го чекаат како мега засилување на италијанскиот шампион. Со овој трансфер, Наполи добива светска класа во своите редови, а Серија А – нова доза магија!

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.