June 12, 2025 | | Свет
Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми го напушта Динамо Загреб, но не и хрватската престолнина – 32-годишниот играч е на чекор до трансфер во Локомотива, градскиот ривал на „модрите“. Иако Динамо најави ремонт на тимот и не го вклучи Адеми во плановите за следната сезона, фудбалерот реши да не ја напушта Хрватска. Марибор испрати поконкурентна понуда, но Адеми по неколкудневно размислување ја одби – изборот падна на скромната, но удобна опција: Локомотива Загреб. Клучната причина? Животот во Загреб. Адеми не сака да го менува својот животен стил и средина, па токму тоа пресуди во корист на Локомотива, и покрај помалата финансиска вредност на договорот. Хрватските медиуми пренесуваат дека преговорите се при крај, а официјализацијата на трансферот се очекува веднаш по раскинот на договорот со Динамо.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |