June 12, 2025 | | Свет
Реал Мадрид има нов „кралски“ потпис – Трент Александер-Арнолд од денеска и официјално е нов фудбалер на шпанскиот гигант. Англичанецот се приклучува на „Лос Бланкос“ со шестгодишен договор, откако како слободен агент го напушти Ливерпул. Иако формално без обештетување, Реал сепак исплати симболична сума на „црвените“ со цел трансферот да се финализира пред Светското клупско првенство. „Александер-Арнолд потпиша договор со Реал Мадрид. Англискиот фудбалер ќе остане во клубот шест сезони“, стои во официјалното соопштение на клубот од Мадрид. Трент ќе го носи дресот со број 12, а на грбот ќе стои неговото име – „Трент“. Сепак, најголемото изненадување дојде на промоцијата: англискиот бек се обрати пред медиумите на течен шпански, оставајќи силен впечаток кај шпанската јавност. Фановите во Шпанија беа воодушевени од неговиот јазичен напредок, а многумина велат дека ретко кој англиски фудбалер покажал толку голема желба за интеграција уште пред да го стави потписот.
Trent Alexander-Arnold speaking in fluent Spanish at his Real Madrid unveiling 🇪🇸 pic.twitter.com/vgxJZU7c3J
— Sky Sports News (@SkySportsNews) June 12, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |