June 13, 2025 | | Свет
Македонскиот репрезентативец Димитар Митровски официјално ја започнува новата фаза од својата кариера – по блескавата сезона со Вараждин, офанзивниот играч направи трансфер во актуелниот шампион на Словенија, Олимпија Љубљана. 26-годишниот Митровски беше еден од најистакнатите фудбалери во ХНЛ минатата сезона, избран и во тимот на колото на лигата, што не остана незабележано на пошироката балканска фудбалска сцена. Олимпија Љубљана денеска го претстави како ново, и рекордно, засилување. Клубот објави дека потпишал договор со Митровски до 2028 година, а според неофицијални информации, за него ќе платат околу 800.000 евра – највисока откупна сума во историјата на клубот. Македонецот ќе го носи дресот со број 8 и ќе има клучна улога во новата офанзивна шема на Олимпија, која има амбиции не само на домашната сцена, туку и на европската.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |