Шкотска борба за Миовски: Селтик и Ренџерс во трка за потписот на Македонецот

June 13, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Шкотска борба за Миовски: Селтик и Ренџерс во трка за потписот на Македонецот

Македонскиот репрезентативен напаѓач Бојан Миовски на прагот на нов трансфер! По една тивка сезона во шпанската Жирона, каде не успеа да остави длабок траг, сега следува ново фудбалско поглавје и тоа веројатно повторно на островот. Според најновите информации, Селтик сериозно влегува во игра за потписот на Миовски, подготвувајќи понуда вредна шест милиони фунти, со цел да го засили напаѓачкиот ред пред новата сезона. Но, „зелено-белите“ од Глазгов не се сами во оваа трка. Веќе одамна Глазгов Ренџерс го следат нашиот напаѓач, а не е исклучена ни можноста за сензационално враќање во Абердин, клубот каде Миовски го доживеа својот пробив на големата сцена со 44 голови на 98 натпревари. Во Жирона, кариерата на Миовски не тргна според очекувањата – само четири гола на 25 меча, повреди и ограничена минутажа ја одбележаа неговата епизода во Ла Лига. Клубот од Каталонија сега планира да се ослободи од него, а шкотските гиганти подготвено чекаат шанса да го вратат на сцена.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.