Нико Вилијамс го направил првиот чекор за трансфер во Барселона, Романо откри детали

June 13, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Нико Вилијамс го направил првиот чекор за трансфер во Барселона, Романо откри детали

Шпанскиот офанзивец Нико Вилијамс направи сериозен потег во насока на премин во Барселона – самиот ја започнал иницијативата и закажал состанок со челниците на клубот. Како што објави трансфер-експертот Фабрицио Романо, разговорите меѓу двете страни биле конструктивни. Главна тема биле административните услови за регистрација на играчот – од Барса увериле дека нема да има пречки, иако клубот и понатаму се соочува со финансиски рестрикции. Нико, дури не барал ниту гаранции дека нема да остане „заглавен“ надвор од тимот поради финансиски проблеми и наводно е сигурен дека годинава нема да има проблем.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.