Мурињо купува играч од Манчестер Сити!

June 14, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Мурињо купува играч од Манчестер Сити!

Фенербахче не мирува на трансфер пазарот и подготвува вистинска бомба во обид да му парира на најголемиот ривал Галатасарај. Турскиот гигант е во напредни преговори со англискиот шампион Манчестер Сити за искусниот дефанзивец Кајл Вокер. Вокер, кој минатата полусезона ја мина на позајмица во Милан, ќе ги напушти „граѓаните“ ова лето, а Фенербахче е сериозно заинтересиран да го донесе во своите редови. Преговорите се веќе започнати, а турскиот клуб е во директен контакт и со Манчестер Сити и со самиот играч. Во целата приказна клучна улога би можел да има новиот тренер на Фенербахче, Жозе Мурињо. Специјалниот има силен авторитет и влијание во фудбалскиот свет, а неговото присуство во Истанбул може да биде одлучувачки фактор за да го убеди Вокер да ја прифати понудата. Фенербахче со ваков трансфер би испратил јасна порака – оваа сезона оди по титулата и нема намера да заостанува зад Галатасарај во амбициите и имињата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.