June 14, 2025 | | Свет
Иако новото издание на Светското клупско првенство кое ќе се одржи во Соединетите Американски Држави веќе наидува на бројни критики – од пренатрупаниот календар, до недоволниот интерес и променетиот формат – една работа сите ја признаваат: парите што се во игра се рекордни. ФИФА подготви вкупен награден фонд од 1 милијарда долари, што претставува најголема сума досега распределена на еден фудбалски турнир. Победникот ќе понесе речиси 100 милиони фунти, сума која е конкурентна со онаа на Лигата на шампионите – но со двојно помалку натпревари. Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјави дека новиот формат и финансискиот модел ја одразуваат „елитата на светскиот клубски фудбал“ и имаат за цел да го зголемат глобалниот престиж на турнирот. Фондот е поделен во два главни столба: 475 милиони долари за перформанси 525 милиони долари за учество Секоја екипа ќе заработува дури и ако биде елиминирана уште во групната фаза. Еве дел од распределбата: 2 милиони долари по натпревар од групната фаза 7,5 милиони $ за пласман во осминафинале 13,125 милиони $ за четвртфиналисти 21 милион $ за полуфиналисти 30 милиони $ за поразениот финалист 40 милиони $ + трофеј за победникот Сите 32 екипи ќе добијат основна надомест за учество, врз база на ранг и конфедерација. УЕФА клубовите ќе добиваат износ според „спортски и комерцијални критериуми“. И покрај заморот на играчите и недостатокот на ентузијазам од некои фанови, финансискиот импулс од турнирот е повеќе од доволен за клубовите да ја сфатат сериозно оваа нова сцена. Клубовите не се тука само за титула – туку за сериозна економска добивка што може да ги редефинира сезоните што следат.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |