ФИФА сака да го сокрие срамот на Светско клупско првенство!

June 14, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

ФИФА сака да го сокрие срамот на Светско клупско првенство!

Во пресрет на Светското клупско првенство во САД, челниците на ФИФА им дале насоки на организаторите навивачите да се распоредуваат во зони кои најчесто се појавуваат во телевизискиот пренос. Причината е слабиот интерес и слаба продажба на билети. И покрај големите најави на Џани Инфантино дека со овој турнир почнува „нова ера во фудбалот“, трибините ќе бидат далеку од полни. На некои стадиони со капацитет од над 70.000 места, се очекува пополнетост од само една третина. Овој потег е обид да се прикрие реалната слика и да се создаде илузија на атмосфера, иако интересот е далеку под очекувањата. Дополнителни критики стигнуваат и поради тоа што турнирот се игра веднаш по завршувањето на клупската сезона, во веќе презафатен фудбалски календар. Многумина сметаат дека ФИФА не води доволно сметка за навивачите, па дури ни за самите фудбалери.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.