Стигна потврда од Буфон: Гатузо ќе биде нов селектор, ова е најдоброто можно решение

June 15, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Стигна потврда од Буфон: Гатузо ќе биде нов селектор, ова е најдоброто можно решение

Џенаро Гатузо е новиот селектор на италијанската репрезентација, потврди менаџерот на тимот, Џанлуиџи Буфон. Одлуката следува по отказот на Лучано Спалети, кој беше отпуштен по поразот од 3-0 против Норвешка. „Го донесовме најдоброто можно решение“, рече Буфон, додавајќи дека Федерацијата и претседателот Гравина поминале низ комплицирани денови и многу разговори пред да се донесе конечната одлука. Прв избор за клупата бил Клаудио Раниери, но тој се повлече од тренерската кариера и сега е специјален советник во Рома. Како алтернативи се споменуваа и Пиоли, Де Роси и Канаваро, но на крајот изборот падна на Гатузо. Поранешниот репрезентативец веќе се сретнал со Буфон и Гравина за да ги финализираат деталите околу договорот. Мисијата е јасна – стабилизација на тимот и избегнување на срамни резултати. „Постојат различни начини да се изгуби, но верувам дека со неколку мали корекции можеме да ги избегнеме најлошите сценарија“, додаде Буфон. Италија ќе се врати на терените во септември со квалификациски натпревари за Светското првенство 2026 против Естонија и Израел – првите предизвици за Гатузо на новата функција.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.