June 15, 2025 | | Свет
Тео Ернандез би можел да го напушти Милан летово, со оглед на тоа што влегува во последната година од договорот, но ситуацијата не е едноставна. Клубот активно бара начин како да го продаде левиот бек, но фудбалерот веќе одбил две конкретни понуди. За неговите услуги интерес покажаа Атлетико Мадрид и Ал-Хилал, но Ернандез не ги прифати условите што му беа понудени. Причините не се официјално познати, но се претпоставува дека или финансиите, или личните амбиции на играчот биле пресудни. Французинот пристигна во Милан во 2019 година од Реал Мадрид за 22,8 милиони евра и се етаблираше како еден од најважните играчи во тимот. Неговата вредност во меѓувреме порасна, а Милан се надева дека ќе успее да го продаде за соодветна сума, наместо да ризикува да го загуби без надомест следната година.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |