Адеми заминува од Динамо, си најде клуб во Унгарија!

June 15, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Адеми заминува од Динамо, си најде клуб во Унгарија!

Поранешниот македонски репрезентативец и легенда на Динамо Загреб, Аријан Адеми, го напушта хрватскиот клуб по повеќе од една деценија и се сели во унгарскиот Ујпешт. Клубот од Будимпешта го предводи Дамир Крзнар, поранешен тренер на Динамо, што дополнително ја олесни реализацијата на трансферот. Адеми станува четврти искусен фудбалер што го напушта тимот по загубената титула, по Ристовски, Петковиќ и Пјаца. Хрватскиот шампион започна темелна реконструкција, а иако Звонимир Бобан се обидел да го убеди Адеми да остане, понудената улога била маргинална. Минатата сезона Адеми имаше ограничени минути, а сега сака да одигра уште најмалку една-две сезони на високо ниво пред потенцијално враќање во Динамо, овојпат на неиграчка функција. Новата средина – Ујпешт – во изминатата сезона се бореше за опстанок, но на крајот заврши на седмата позиција. Со доаѓањето на Адеми, клубот добива огромно искуство и лидерски квалитети во средниот ред.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.