Ал Хилал пробува со астрономска понуда да го убеди Виктор Осимен!

June 15, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ал Хилал пробува со астрономска понуда да го убеди Виктор Осимен!

Саудискиот гигант Ал Хилал не се откажува од идејата да го донесе Виктор Осимен, и покрај тоа што напаѓачот претходно одбил понуда од 30 милиони евра по сезона. Најновите информации откриваат дека клубот подготвил уште попримамлива понуда – неверојатни 50 милиони евра по сезона. Ова е најсилниот обид досега на Ал Хилал да го убеди напаѓачот да ја напушти Европа и да се пресели во Саудиска Арабија. Осимен засега одбива да попушти под финансискиот притисок, но останува да се види дали оваа понуда ќе го промени неговото размислување.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.