June 16, 2025 | | Свет
Иднината на Елиф Елмас повторно е тема на шпекулации на италијанскиот трансфер пазар, откако Торино одлучи да не ја искористи опцијата за негов откуп. Иако македонскиот репрезентативец остави позитивен впечаток, раководството на „Биковите“ ја оцени откупната клаузула од 17 милиони евра како прескапа за нивниот буџет. Самиот Елмас, сепак, не ја крие желбата да остане во Италија – земја каде се афирмираше во дресот на Наполи и каде се чувствува „како дома“. По враќањето во РБ Лајпциг, германскиот клуб дополнително ја зголеми цената на играчот, па сега за неговите услуги бара најмалку 20 милиони евра. Токму тука во игра влегува Комо – клуб кој по враќањето во Серија А има амбициозен проект и силна финансиска поддршка. Според извори од Италија, управата на Комо сериозно размислува да го ангажира Елмас како клучен играч во новата ера на тимот. Интересот не е случаен – Комо сака искусен и креативен плејмејкер кој може веднаш да направи разлика во тимот. Иако финансиските барања на Лајпциг се сериозен предизвик, подготвеноста на Елмас да остане на „Чизмата“ може да ја олесни комуникацијата и да поттикне компромис.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |