Реал ќе „ќари“ уште еден фудбалер на Ливерпул бесплатно?!

June 16, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Реал ќе „ќари“ уште еден фудбалер на Ливерпул бесплатно?!

Реал Мадрид продолжува со својата стратегија на навремено ангажирање на врвни фудбалери без обештетување. По договорот со англискиот бек Трент Александер-Арнолд, кој ова лето пристигна како слободен играч, „кралевите“ веќе гледаат кон следниот чекор – Ибрахима Конате. Според информациите на шпанската „Марка“, претседателот Флорентино Перез и спортскиот сектор на Реал веќе го ставиле Французинот на радарот за 2026 година, кога му истекува договорот со Ливерпул. Првичните сигнали веќе се испратени, а планот е преговорите да почнат навреме за да се избегне конкуренција од другите европски гиганти. Конате, кој е дел од новата генерација на француски репрезентативци, важи за еден од најнадежните централни дефанзивци во Европа.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.