Черки има порака до Манчестер Јунајтед: Едвај чекам да играм против нив за да ги убијам!

June 16, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Черки има порака до Манчестер Јунајтед: Едвај чекам да играм против нив за да ги убијам!

Манчестер Сити ова лето не штеди. Во пресрет на Светското клупско првенство, „граѓаните“ инвестираа околу 150 милиони евра во нови засилувања. Еден од најгласните трансфери е оној на Рајан Шерки, талентираниот Французин кој пристигна од Лион за 40 милиони евра. Иако е само неколку дена на „Етихад“, Шерки веќе ги освои срцата на навивачите – и тоа со жестока порака до вечниот ривал. „Дојдов тука да победувам на секој натпревар. Не ми се допадна кога Манчестер Јунајтед го победи Лион. Јас сум навивач на Лион од дете – сега едвај чекам градското дерби за да ги убиеме!“ Шерки веќе има историја со Манчестер Јунајтед. Во април, во четвртфиналето од Лига Европа, погоди за Лион на „Олд Трафорд“ и тогаш се најде во центарот на вниманието поради провокативна прослава – се сврте кон публиката и се фати за меѓуножјето, но неговиот тим беше елиминиран. Сега, со дресот на Сити, Французинот има уште поголем мотив – не само да биде замена за Кевин де Брујне, туку и да остави сопствен белег. „Не сум Кевин де Брујне, тој е легенда. Јас доаѓам да помогнам, да создавам историја и да освојувам сè што може да се освои. Пеп ми кажа дека ќе имам слобода на теренот, тоа ми се допадна. Така најдобро можам да придонесам“, изјави тој.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.