Стигна и потврда: Барселона е фаворит за Нико Вилијамс!

June 16, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Стигна и потврда: Барселона е фаворит за Нико Вилијамс!

Според информациите на новинарот Флоријан Плетенберг кој наводно е близок до тренерот Ханси Флик, Барселона моментално има најголеми шанси за потпис на крилниот напаѓач Нико Вилијамс кој лани ги одби бидејќи бараше гаранации дека ќе биде регистриран. Годинава пак, Нико не го барал тоа и бил оној кој го направил првиот чекор за трансфер испраќајќи го својот агент на преговори со спортскиот директор Деко. Овој новинар тврди дека нова рунда на преговори се одржале во последните 24 часа и сега Каталонците имаат предност пред Баерн Минхен, Арсенал и Челси. Клубот сега ја истражува можноста дали овој трансфер ќе може да се изведе, односно дали Нико ќе може да биде регистриран без никакви проблеми. Ако Барселона добие зелено светло, се очекува трансферот да се реализира.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.