June 16, 2025 | | Свет
Манчестер Јунајтед, и покрај долгогодишните разочарувања со напаѓачки засилувања, повторно покажува подготвеност да вложи огромна сума во офанзивна ѕвезда со ограничено искуство на највисоко ниво. Овојпат фокусот е насочен кон Уго Екитике, 22-годишниот Французин кој блесна во дресот на Ајнтрахт Франкфурт. Во сезоната 2024/25, Екитике имаше импресивен биланс: 22 голови и 12 асистенции на 48 настапи, стапувајќи во улогата на прв напаѓач по заминувањето на Мармуш. Но, и покрај добрата статистика, многумина се прашуваат – дали една силна сезона е доволна причина за инвестиција од 100 милиони евра? Јунајтед веќе се „изгоре“ со скапо платени, но недоволно квалитетни напаѓачи како Хојлунд и Санчо, па критичарите со право алармираат на повторување на истата грешка. Особено што Екитике, по неуспешната авантура во ПСЖ, дури сега ја доби вистинската шанса да се афирмира како прв избор во напад. Од финансиски аспект, Ајнтрахт би направил фантастичен бизнис – го откупи напаѓачот за 16,5 милиони евра и би можел да оствари добивка од над 80 милиони во рок од неколку месеци.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |