Работнички се засили со двајца фудбалери на Воска

June 17, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Работнички се засили со двајца фудбалери на Воска

По вчерашниот трансфер на Бразилецот Калани Алмеида, Работнички продолжува со летната реконструкција и денеска официјално ги претстави уште две нови засилувања, овој пат од домашната сцена. Од редовите на Воска Спорт, клуб кој ја заврши сезоната во најнизок ранг, во Дебар Маало пристигнаа Дитмир Хоџа (16) и Лорент Жаку (17) — двајца млади и перспективни фудбалери со прволигашко искуство. Хоџа, висок 191 сантиметар, е класичен напаѓач, но може да одигра и зад шпицот. Во минатата сезона запиша осум настапи во Првата лига, и веќе се смета за еден од најталентираните играчи во својата генерација. Жаку, пак, е креативен играч од средниот ред, кој одигра 14 мечеви за Воска и покажа зрелост надвор од своите години. И двајцата потпишаа тригодишни договори, со што Работнички јасно сигнализира дека иднината на клубот се гради врз млад, домашен потенцијал.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.