Го реализираше трансферот од 70 милиони, па заигра на улица! (ВИДЕО)

June 17, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Го реализираше трансферот од 70 милиони, па заигра на улица! (ВИДЕО)

Новото засилување на Манчестер Јунајтед, Матеус Куња, по бурниот период со трансферот вреден 73 милиони евра и настапите за селекцијата на Бразил, конечно пронајде време за одмор – и тоа на сосема скромен, но топол начин. Откако го завери пласманот на Светското првенство со „селесао“, Куња се врати во родниот Жоао Песоа, каде реши да се потсети на корените – со маалски фудбал на улица. На видеото што го објави на социјалните мрежи, се гледа како со насмевка и без никаков „ѕвезден став“ трча по бетон со пријателите од детството, како да не се работи за нов напаѓач на еден од најголемите клубови на светот. Уште еднаш потврди дека, и покрај богатите трансфери и светските сцени, срцето на фудбалот често чука токму во маалото.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.