Прво ЕП и веднаш осминафинале: „Гореа“ улиците во Грузија по историскиот успех! (ВИДЕО)

June 27, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Прво ЕП и веднаш осминафинале: „Гореа“ улиците во Грузија по историскиот успех! (ВИДЕО)

Грузијците остварија неверојатен успех каде на нивниот прв настап во историјата на Европското првенство успеаа да се пласираат и во нокаут фазата. Победата против Португалија донесе огромна радост во оваа земја, а успехот се славеше до доцна во ноќта. Се славеше во Тбилиси каде луѓето се собраа на Плоштадот на независноста во Тбилиси, пееја песни и ги извикуваа имињата на играчите на грузиската репрезентација. Грузија на 30 јуни ќе се сретне со Шпанија во осминафиналето на ЕУРО 2024 година и самиот пласман во нокаут фазата е неочекуван и историски резултат за оваа земја.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.