Трајковски: Гатузо е одличен избор за Италија!

June 18, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Трајковски: Гатузо е одличен избор за Италија!

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски, кој во периодот во Хајдук Сплит соработуваше со Џенаро Гатузо, не го криеше своето задоволство од изборот на новиот селектор на Италија. Во изјава за италијанските медиуми, Трајковски истакна дека Гатузо е вистинскиот човек за оваа функција. „Среќен сум поради Гатузо, мислам дека тој е одличен избор за репрезентацијата на Италија“, изјави македонскиот офанзивец, кој и самиот има богато искуство на Апенините. Трајковски, кој остави длабока трага во Палермо, беше запрашан и за поставувањето на Пипо Инзаги како нов тренер на сицилијанскиот клуб. „Се надевам дека Пипо Инзаги ќе успее да го врати Палермо во Серија А“, додаде тој. Во италијанските фудбалски кругови се почесто се зборува дека Трајковски би можел да се врати во Палермо ова лето, што дополнително ги вжештува шпекулациите за можна емоционална риунија помеѓу клубот и неговиот некогашен адут.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.