Скандал во Турција: Членови на Дисциплинската комисија правеле план против Мурињо!

June 18, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Скандал во Турција: Членови на Дисциплинската комисија правеле план против Мурињо!

Фудбалска Турција повторно е во центарот на вниманието поради скандал поврзан со новиот тренер на Фенербахче, Жозе Мурињо. Претседателот на дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Турција (ТФФ), Челал Нури Демиртурк, заедно со неговите најблиски соработници, поднесе оставка откако во јавноста се појавија инкриминирачки пораки во кои се таргетира „Специјалниот“. Во пораките, кои излегоа на виделина преку медиумите и социјалните мрежи, се сугерира дека дисциплинската комисија планирала да го „дисциплинира“ Мурињо во иднина. „Ќе си плати убаво за ова следната сезона. Премногу го толерираме“, стои во една од спорните пораки. Мурињо, кој неодамна го презеде Фенербахче, веќе предизвика неколку бура во турскиот фудбал со своите критики кон судиите и наводната пристрасност во корист на ривалскиот Галатасарај. Тие негови јавни настапи му донесоа и неколку казни, што дополнително ја влоши тензијата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.