June 18, 2025 | | Свет
Манчестер Сити без поголеми проблеми го започна својот настап на Светското клупско првенство, совладувајќи го Видад Казабланка со 2-0 на стадионот во Филаделфија. Тимот на Пеп Гвардиола одигра зрел и контролиран натпревар, решавајќи ја дилемата околу победникот уште во првото полувреме. Каталонскиот стратег реши да експериментира со составот и во средниот ред стартуваа новите имиња Тијани Реијндерс и Рајан Черки, додека Рајан Аит Нури остана на клупата. Изненадувањата не ја нарушија играта на англискиот првак – напротив, Сити поведе уште во втората минута. Грешка на одбраната на Видад во нивниот шеснаесетник му овозможи на Савињо да се закани, неговиот удар беше блокиран, но Фил Фоден ја дочека одбиената топка и прецизно погоди за 1-0. Мароканците имаа шанса за израмнување, но Маилула не успеа да го совлада Едерсон во зицер ситуација. Казната стигна во 42. минута, кога Џереми Доку беше највнимателен по корнерот на Фоден и ја смести топката во мрежата за конечни 2-0. Во вториот дел, Сити ја намали агресивноста и без многу ризик го контролираше темпото на играта. Единствената дамка на мечот беше исклучувањето на младиот Рико Луис во завршницата, што би можело да создаде проблеми за Гвардиола во продолжението од турнирот.
🚨🌎 GOAL | Manchester City 1-0 Wydad Casablanca | Foden FODEN OPENS THE SCORING FOR MANCHESTER CITY !!!!!!!!!!!!!!!!!!!pic.twitter.com/FWA5EFNKWL
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) June 18, 2025
🚨🌎 GOAL | Manchester City 2-0 Wydad Casablanca | Doku DOKU DOUBLES THE LEAD FOR MANCHESTER CITY!pic.twitter.com/qYLsbmbJoX
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) June 18, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |