June 27, 2024 | | Свет
Како што пренесоа српските медиуми, се поизвесно е дека Драган Стојковиќ Пикси ќе биде сменет од кормилото на српската репрезентација. Тие имаа очајно Европско првенство, а многумина вината ја гледаат токму во селекторот каде и неколку српски репрезентативци изразоа незадоволство од неговото водење на селекцијата. „Република“ пренесува бомбастична вест за тоа дека еден од кандидатите за наследник на Пикси би можел да биде Јоаким Лев кој германската репрезентација ја водеше цели 15 години, а клупата на оваа селекција ја напушти во 2021 година. Исто така, во 2014 година со Германија го освои Светското првенство. Овој медиум пишува дека Фудбалскиот сојуз на Србија почнал преговори со германскиот стратег, а како резервни опции ги има Славиша Јокановиќ, Саво Милошевиќ и Владимир Ивиќ. Србија имала само двајца странски тренери до сега, Хавиер Клемент и Дик Адвокат, но ниту еден од нив не се снајде.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |