June 19, 2025 | | Свет
Синоќа, Реал Мадрид го започна новото поглавје под водство на Чаби Алонсо, но првата страница од таа приказна не беше ни приближно спектакуларна како што беше навестувана. Дуелот против Ал-Хилал на Светското клупско првенство заврши без победник, а дебито на новиот тренер остави повеќе прашалници отколку одговори. Алонсо зборуваше за „атомски фудбал“, интензитет, пресинг и модерна офанзива – но неговиот Реал изгледаше затечено, како екипа што допрва се запознава со новиот систем. Првото полувреме донесе бледа слика од шпанскиот гигант – Ал-Хилал не само што одолевуваше, туку и контролираше делови од мечот. Иако во вториот дел се забележа реакција, и беше изборен пенал во финишот, сето тоа не беше доволно за триумф. Реал остана без полн плен, но со реалноста дека „новиот проект“ ќе треба време за да созрее. „Овие играчи четири години беа со еден тренер, не се менуваат навики за четири дена. Сега градиме нешто ново. Мене ме радува тоа што видов подобрување во второто полувреме – тоа ми е сигнал дека се движиме во вистинска насока.“
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |