Меси одново е херојот на Интер Мајами: Преку гол од слободен удар им донесе победа! (ВИДЕО)

June 19, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Меси одново е херојот на Интер Мајами: Преку гол од слободен удар им донесе победа! (ВИДЕО)

Интер Мајами ја запиша првата победа на Светското клупско првенство совладувајќи го Порто со 2-1 каде херој уште еднаш за тимот од САД беше Лионел Меси. Порто преку Саму поведе уште во 8. минута, Сеговиа на почетокот на вториот дел ја врати негативата, а вистинската магија допрва следуваше. Во 54. минута Меси успеа да погоди од слободен удар и да му донесе победа на својот тим, прва по ремито во првото коло. Следниот натпревар Интер Мајами ќе го игра против незгодниот Палмеирас кој исто така има победа и реми.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.