June 27, 2024 | | Свет
Кевин Де Бруине, кој е капитен на белгиската фудбалска репрезентација рече дека во дуелот од осминафиналето на Европското првенство каде ќе се сретнат со Франција, тие нема да бидат фаворити. Тој додаде дека е среќен бидејќи се квалификувале во нокаут фазата, но дека можеле да бидат поефикасни во групната фаза. „Префериравме да победиме и сега ќе имаме тежок шредизвик, но очигледно мора да биде така. Мораме да се опоравиме. Ние сме аутсајдери против Франција. Многу сум задоволен од играта на тимот, заслуживме да победиме. Ни беше тешко бидејќи со само еден гол можевме да бидеме елиминирани“, Де Бруине. Во моментот кога Белгијците сакаа да се поздрават со нивните навивачи, добија свирежи по ремито против Украина, што е одраз на нивното незадоволство околу тоа како Белгија игра.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |