June 20, 2025 | | Свет
Лионел Меси уште еднаш блесна во дресот на Интер Мајами и со маестрален гол од слободен удар му донесе важна победа на својот тим против Порто со 2-1. По натпреварот, аргентинската ѕвезда се осврна на вечното ривалство со Кристијано Роналдо. „Имам голема почит за Кристијано. Ривалството меѓу мене и него беше само на теренот“, изјави Меси. Тој додаде дека, иако не се пријатели, секогаш постоела заемна почит. „Не сме пријатели, бидејќи никогаш не сме играле заедно и не сме го минувале времето еден со друг, но секогаш сме се почитувале. Надвор од фудбалот, ние сме само двајца нормални луѓе“, истакна Меси.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |