Инфлуенсерката под притисок поради дружбата со Јамал: Ме нарекуваат педофилка

June 20, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Инфлуенсерката под притисок поради дружбата со Јамал: Ме нарекуваат педофилка

Шпанската инфлуенсерка и креаторка на содржина на „OnlyFans“, Фати Васкез, се најде во центарот на вниманието поради фотографиите што неодамна се појавија во медиумите, на кои таа е во друштво со 17-годишниот фудбалер на Барселона, Ламин Јамал. Иако и двајцата негираа дека се во љубовна врска, нивната блискост предизвика бурни реакции во јавноста, особено поради фактот што Васкез има 29 години, односно 12 години повеќе од младиот Јамал. „Буквално ме напаѓаат од сите страни, и тоа е апсурдно и неправедно. Имам 29 години, не сум направила ништо лошо, ниту сум повредила некого. Целата оваа хајка ме погодува, но уште повеќе го погодува моето семејство“, изјави Васкез, која во последните денови се соочува со бројни навреди и обвинувања, меѓу кои и тоа дека е „педофилка“. Таа ја критикуваше и, како што рече, очигледната нееднаквост во општеството кога се работи за возраст во интимни односи. „Кога маж е постар од жената, тоа се смета за нормално. Но, кога е обратно, тогаш сите се скандализирани. Тоа е двоен стандард што мора да престане“, нагласи таа. Васкез најави дека размислува да покрене правна постапка против оние кои шират лаги и закани на социјалните мрежи. „Поминав неколку дена со него, ништо повеќе. Нема скандал. Сè што се случи, навредите, заканите – е документирано. Ова не е само морален проблем, туку и кривично дело“, заклучи таа.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.