June 20, 2025 | | Свет
По повеќе од една деценија верна служба во дресот на Динамо Загреб, македонскиот репрезентативец Аријан Адеми и официјално стави точка на својата приказна со „модрите“. Тој постигна договор за спогодбено раскинување на договорот што важеше до летото 2025 година, а кариерата ќе ја продолжи во Ујпешт, клуб од унгарската Прва лига. Клучна улога во трансферот одигра Дамир Крзнар, актуелниот тренер на унгарскиот клуб и поранешен стратег на Динамо, кој добро ги познава квалитетите на Адеми. Иако се спомнуваа други дестинации – меѓу кои клубови од регионот и Блискиот Исток – Адеми избра да остане блиску до Хрватска и повторно да работи со Крзнар. Адеми во Динамо пристигна во 2010 година од Шибеник, а по кратка позајмица во Локомотива, стана незаменлив дел од тимот. Брзо го освои срцето на навивачите со својата борбеност и пожртвуваност, а подоцна ја доби и капитенската лента. Сепак, неговата кариера не помина без турбуленции – најтежок момент беше суспензијата од четири години поради допинг на меч против Арсенал во 2015 година, која подоцна беше намалена на две години. Во 2023 година накратко се пресели во Кина, во редовите на Пекинг Гуоан, но брзо се врати во Динамо. Последната сезона не беше блескава – имаше ограничена минутажа и чести критики од дел од навивачите. Во дресот на Динамо Загреб одигра вкупно 420 натпревари, постигна 27 голови и запиша 24 асистенции. Со клубот освои дури 12 шампионски титули, 6 Купа и 4 Суперкупа, што го вбројува меѓу најтрофејните и најзначајни фудбалери во историјата на клубот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |