June 20, 2025 | | Свет
Светското клупско првенство во САД повторно се соочи со прекин, откако силно невреме го стави под знак прашалник натпреварот меѓу Бенфика и Оукленд Сити. Средбата, која се играше на „Интер&Ко Стадион“ во Орландо, беше прекината непосредно пред почетокот на второто полувреме, поради обилен дожд и опасни услови за игра. Организаторите соопштија дека теренот не е безбеден и судијата не дозволи продолжување на мечот. Во моментот на прекинот, Бенфика водеше со 1-0, благодарение на погодокот на Анхел Ди Марија од пенал, реализиран длабоко во судиското продолжение на првото полувреме. Ова е втор меч по ред што се прекинува поради невреме, откако и дуелот меѓу Палмеирас и Ал-Ахли вчера заврши со сличен исход. Очекувањата се дека мечот меѓу Бенфика и Оукленд Сити ќе продолжи веднаш штом временските услови се стабилизираат.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |