Алегри го редизајнира Милан: Шест нови стартери и амбициозен трансфер-план

June 20, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Алегри го редизајнира Милан: Шест нови стартери и амбициозен трансфер-план

Масимилијано Алегри се врати на клупата на Милан со јасна визија – да го врати клубот на врвот на италијанскиот и европскиот фудбал. По заминувањето на Серџо Консеисао, управата му даде доверба без преголеми услови, но со свесност дека тимот мора сериозно да се освежи. Според извори од Италија, искусниот стратег има конкретна цел – шест нови стартери. Иако засега официјално е завршен само трансферот на Лука Модриќ, кој ќе стави потпис по завршувањето на Светското клупско првенство, Милан не мирува на трансфер-пазарот. Целите се јасно дефинирани: Во средниот ред, приоритет е Гранит Џака, играч со искуство, борбеност и лидерски квалитети. Во одбраната, се разгледуваат имињата на Олександр Зинченко и младиот Гуела Дуе, додека најголема желба на Алегри е 18-годишниот Џовани Леони од Парма, кој веќе се смета за бисер на италијанскиот фудбал. Во средината на теренот, Милан го следи и Хави Гуера од Валенсија, технички поткован играч кој би донел свежина и длабочина. Во нападот, „росонерите“ се насочени кон големи имиња – Дарвин Нуњез, Душан Влаховиќ и Виктор Осимен се трите топ-опции, но засега не е јасно дали ќе успеат да го обезбедат потписот на некој од нив.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.