June 21, 2025 | | Свет
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е пред заминување од редовите на Валенсија, а неговата следна дестинација би можела да биде Мајорка, пренесуваат шпанските медиуми. Клубот од Балеарските Острови е во потрага по нов чувар на мрежата поради зголемениот интерес за актуелните голмани Лео Роман и Доминик Гриф. Доколку еден од нив го напушти клубот, Димитриевски се посочува како сериозна алтернатива за заземање на голманската позиција. Мајорка ја заврши сезоната 2024/25 на солидната десетта позиција во Ла Лига, а управата сака да ја зацврсти дефанзивната линија со искусен и проверен голман. Димитриевски, кој има богато искуство во шпанското првенство, се смета за одлично решение.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |