June 21, 2025 | | Свет
Баерн Минхен запиша голема победа над аргентинскиот гигант Бока Јуниорс со 2-1 и веќе по второто коло го завери своето учество во осминафиналето на Светското клупско првенство. Спектаклот донесе драма, поништени голови и мајсторска завршница од страна на европскиот великан. Натпреварот започна фуриозно – уште во 8. минута Олисе ја стресе мрежата на Бока директно од корнер, но радоста траеше кратко: ВАР сигнализираше фаул врз голманот и погодокот беше поништен. Но Баерн не се поколеба – во 18. минута, Хари Кејн го отвори резултатот со прецизен удар за 1-0. Второто полувреме донесе нова енергија за Аргентинците – Мигуел Мерентиел во 66. минута со прекрасен погодок изедначи на 1-1 и ги разбуди страстите на навивачите на Бока. Но, во 84. минута повторно се појави Олисе и се оддолжи за поништениот гол – овојпат со удар кој не остави дилема и донесе три златни бода за Баерн. Во вториот натпревар од групата, Есперансе од Тунис славеше со минимални 1-0 против Лос Анџелес ФК. Со оваа победа, Баварците се први на табелата со максимални шест бодa, пред Бенфика со четири, Бока со еден и Оукленд Сити кој останува без бодови.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |