Дортмунд прими три гола од африкански тим, но успеа да победи! (ВИДЕО)

June 21, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Дортмунд прими три гола од африкански тим, но успеа да победи! (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд одигра вистински трилер на Светското клупско првенство, совладувајќи го храбриот Мамелоди Сандаунс со 4-3 на спектакуларен натпревар одигран на „ТКЛ Стадион“ во Синсинати. Германскиот гигант со мака избори втор триумф и направи голем чекор кон полуфиналето. Африканскиот шампион започна како од сон – во 11. минута Рибеиро ја смести топката во мрежата и го најави изненадувањето. Но Дортмунд експресно возврати – Нмеча израмни во 16. минута, а потоа следуваше налет на „жолто-црните“. Гираси во 34. минута го потврди пресвртот, а Џоб Белингем со својот прв гол во дресот на Дортмунд го постави 3-1 пред паузата. Во второто полувреме, автоголот на Мудау во 50. минута ги релаксираше Германците – но само накратко. Мамелоди не се предаде, напротив – Рајнерс погоди во 64. минута, а во 90-та Мотиба ги врати надежите за сензација со погодок за 4-3. Во драматичните шест минути од судиското продолжение, африканскиот тим притисна, но Дортмунд издржа и остана на победничкиот пат.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.