Новиот турски суперлигаш сериозно загриза за Стефан Ристовски!

June 21, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Новиот турски суперлигаш сериозно загриза за Стефан Ристовски!

Поранешниот македонски репрезентативец Стефан Ристовски е блиску до нов предизвик во кариерата. Како што пренесува реномираниот хрватски портал „Спортске Новости“, искусниот дефанзивец се наоѓа на радарот на новиот член на турската Суперлига – Кочаелиспор. Според информациите, клубот веќе започнал преговори со Ристовски и постои реална можност тој наскоро да стави потпис на договор. Кочаелиспор не застанува тука – паралелно се водат разговори и со хрватскиот напаѓач Бруно Петковиќ, што може да резултира со двојно засилување од редовите на Динамо Загреб. Двајцата фудбалери долги години беа столбови во тимот од „Максимир“, а нивната соработка би можела да продолжи во турскиот шампионат. Иако сè уште нема официјална потврда од клубовите, Ристовски важи за еден од главните приоритети на Кочаелиспор за засилување на дефанзивната линија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.