Карбони јунак во финишот – Интер со пресврт и прва победа под водство на Киву (ВИДЕО)

June 21, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Карбони јунак во финишот – Интер со пресврт и прва победа под водство на Киву (ВИДЕО)

Интер едвај ја впиша првата победа на Светското клупско првенство, но таа дојде во вистински момент благодарение на доцниот гол на Валентин Карбони, „нераѕурите“ со 2-1 го совладаа упорниот Урава Ред Дајмондс во второто коло од турнирот. Под водство на новиот тренер Кристијан Киву, миланскиот гигант не изгледаше убедливо, особено во првото полувреме. Јапонскиот претставник поведе уште во 11. минута, кога Ватанабе со прецизен удар ја казни несигурната одбрана на Интер по нафрлувањето на Канеко. Иако Италијанците ја презедоа контролата и создаваа шанси, головите изостануваа. Лаутаро ја погоди пречката, а Аслани и Димарко не успеаја да погодат од одлични позиции. Пресвртницата се случи дури во финишот на натпреварот. Во 86. минута, капитенот Лаутаро Мартинез со акробатски удар израмни на 1-1, а три минути по истекот на регуларното време, Валентин Карбони одлучи сè со хладнокрвна реализација од вториот шут во рамките на голот за Интер.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.