June 22, 2025 | | Македонија
Вардар се подготвува за новата сезона во Словенија, а претседателот Миленко Неделковски сподели важни информации за состојбата во клубот. Кога ја презеле управата, се мислело дека долгот бил околу 2,5 милиони евра, но подоцна се покажало дека долгот бил дури 7,5 милиони. Сепак, клубот ја завршил сезоната со добивка од 250.000 евра, што ретко се случува во македонскиот фудбал. „Кога го преземавме клубот велеа дека Вардар должи 2,5 милиони евра, подоцна се покажа дека долгот е 5 милиони евра. Како ја завршувавме сезоната трошоците дојдоа до 7,5 милиони евра. Долговите се направени од сите кои го воделе клубот од Сергеј па додека го земавме. На крајот ние бевме единствен клуб кој завршната сметка ја пријави со добивка, имавме добивка од 250.000 евра, што не знам кога претходно се случило“, вели претседателот на Вардар, Миленко Неделковски. Ова лето Вардар добил понуди за неколку играчи, вклучувајќи го и Талески за кого Партизан понудил 100.000 евра, но управата не сака да се раздели со фудбалери на кои тренерот Седлоски смета. Целта е да се изгради силен тим со високи амбиции. Амбициите на клубот се големи – освојување на двојната круна (првенство и Куп на Македонија), како и добар настап во Европа. Во првото коло ќе играат против Фиорита од Сан Марино, а ако победат, ги чека посериозен противник, како Лозана. Буџетот на клубот за новата сезона ќе биде над 3,5 милиони евра, но дел од тие пари се наменети за враќање на стари долгови кон Управата за јавни приходи. Дополнително, од УЕФА ќе добијат 320.000 евра само за учество во првото европско коло. „Буџетот за новата сезона ќе биде над 3,5 милиони евра, но сите овие пари не се за тековно функционирање на клубот, дел од нив одат и кон исплата на долгот кон УЈП на претходно договорените рати. Во овој буџет не се сместени и парите кои ќе ги добиеме од УЕФА за настапот во Европа, а за учество во првото коло само ќе заработиме 320.000 евра“. Неделковски раскажа и емотивна приказна за Андон Дончевски, кој живее во Австралија. Пред финалето од Купот, тој дошол да ги мотивира фудбалерите. Иако патува во инвалидска количка и му е потребна бизнис класа, тој сам ја платил разликата од билетот и покажал колку го сака Вардар.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |