Арената „Тодор Проески“ е евтина кога се игра ПМФЛ, скапа кога е европска сцена

June 22, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Арената „Тодор Проески“ е евтина кога се игра ПМФЛ, скапа кога е европска сцена

Вардар се подготвува за настапот во Конференциската лига на УЕФА, а првиот натпревар против Тре Пене од Сан Марино, според најавите, ќе се игра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Но, клубот ќе се соочи со неочекуван финансиски товар поради ценовната политика за користење на стадионот. Имено, постои необично правило – мечевите во европските натпреварувања да бидат значително поскапи за организација отколку оние во домашното првенство, иако условите и понудените услуги се речиси идентични. Така, еден натпревар под рефлектори во Првата македонска лига чини 3.500 евра, додека за европски меч цената се искачува до речиси 20.000 евра. Објаснувањето е дека клубовите добиваат повеќе пари од УЕФА за учество во европските натпреварувања, па се смета дека можат да си дозволат повисоки трошоци. Сепак, клубовите се ставени во позиција без многу избор – или да платат, или да бараат друга локација. Првиот меч против Ла Фиорита Вардар ќе го игра дома на 10 јули. Другите македонски претставници во Конференциската лига ќе ги одиграат првите мечеви на гости. Шкендија, пак, натпреварите од Лигата на шампионите исто така ќе ги игра на Арената, додека резервна опција за домашните средби останува и стадионот на ФФМ, кој ги исполнува основните критериуми за прво коло.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.