Манчестер Сити во шест брзини – ерупција од голови и нов јунак на сцената (ВИДЕО)

June 23, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Манчестер Сити во шест брзини – ерупција од голови и нов јунак на сцената (ВИДЕО)

Манчестер Сити продолжува да ја демонстрира својата супериорност на Светското клупско првенство, овој пат газејќи го Ал Аин со дури 6-0 во спектакл од ефикасност и фудбалска елеганција. Натпреварот беше вистинска позорница за младиот Клаудио Ечвери, 19-годишниот бисер од Ривер Плата кој веднаш се запиша со голчиште од слободен удар во своето деби – удар со потпис на голем мајстор, токму кога „граѓаните“ бараа ново лице со искра. Почетокот беше експлозивен – Гундоган го отвори резултатот во 7. минута со својата препознатлива мирноќа, а Халанд додаде сигурен погодок од пенал пред крајот на првото полувреме за 3-0. Во вториот дел машинеријата на Гвардиола не сопираше – уште еден гол на Гундоган ја потврди неговата одлична форма, а Оскар Боб и Рајан Шерки како свежи сили го затворија натпреварот со два брзи удари во самата завршница.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.