Тео Ернандез донел одлука за својата иднина!

June 23, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Тео Ернандез донел одлука за својата иднина!

Тео Ернандез, еден од столбовите на одбраната на Милан и миленик на навивачите на „Сан Сиро“, е на чекор до спектакуларен трансфер во Ал Хилал. По подолго размислување и дилеми околу животот и фудбалот во Саудиска Арабија, францускиот бек сепак ја прифатил финансиски моќната понуда на саудискиот гигант. Со овој трансфер, Милан не само што губи еден од најдобрите леви бекови во Европа, туку и влегува во нова фаза на екипирање. Во клубот веќе се прават планови за освежување на дефанзивната линија, особено на десната страна, каде што главна цел е Вандерсон од Монако – 24-годишен бразилски репрезентативец со солидно меѓународно искуство и цена која се движи околу 25 милиони евра. Во игра е и помладата опција – Тијаго Сантос од Лил, бек со изразен офанзивен дух, кој ветува многу, но чие целосно опоравување од тешката повреда сè уште е под знак прашалник. Заминувањето на Тео значи крај на едно силно поглавје за Милан, но и почеток на ново, во кое тимот ќе се обиде да ја пренасочи визијата со нови имиња и свежа енергија во последната линија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.