June 23, 2025 | | Свет
Барселона повторно се враќа на стратегијата со која долго време им носеше успех – ангажман на млади бисери со огромен потенцијал. На ред е Руни Бардгџи, 18-годишниот талент од Копенхаген, за кого шпанските и европските медиуми пренесуваат дека трансферот е пред финализација. Каталонците, иако примарно фокусирани на ангажман на Нико Вилијамс како ново офанзивно оружје, сепак работат на повеќе фронтови. Според најновите информации, Барса веќе има усмен договор со данскиот шампион за трансфер вреден меѓу 2 и 3 милиони евра. Бардгџи има необична фудбалска приказна – роден е во Кувајт од сириски родители, но го носи репрезентативниот дрес на Шведска и уште на 16 години дебитираше за Копенхаген во Лигата на шампионите. Мај 2024 беше тежок период за него – заработи сериозна повреда на коленото на тренинг, поради која паузираше речиси цела година. Многу клубови се повлекоа од интересот, но не и Барселона. Клубот од Камп Ноу ја следеше неговата рехабилитација и верува дека вреди да се вложи во него. Наводно Бардгџи ќе игра дел со првиот тим, дел ќе се развива преку Барселона Атлетик, но јасно е дека клубот гледа долгорочна вредност во овој млад играч со богата фудбалска позадина и голем карактер.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |